ПОЧЕТНА ЕВРОПА Нено и Хувентуд со два пораза на стартот

Нено и Хувентуд со два пораза на стартот

сподели
фото: Joventut

Екипата од Бадалона и македонскиот репрезентативец се поразени и во вториот натпревар на почетокот на сезоната во АЦБ лигата, сега од Бетис со 95:88.

ACB

Ненад Димитријевиќ имаше 5 поени со по три скока и асистенции, за 13:31 минути поминати во игра на гостувањето во Андалузија. Зелените се на претпоследната позиција на табелата со 0/2, скор што го имаат 5 екипи.

ACB

На врвот во поредокот е Реал Мадрид, по победата против Мурсија (97:69) и во првото коло против Хувентуд. По 2 победи имаат и Сарагоса, Билбао и Барселона.