ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нена Трајчевска се сели во Турција!

Нена Трајчевска се сели во Турција!

сподели

Една од најдобрите македонски кошаркарки во моментов и стандардна репрезентативка го реши својот статус и најде нов клуб.

Иако сезоната е почната, Нена Трајчевска се договори со турскиот прволигаш Самсун кој се натпреварува во елитната дивизија на оваа земја. Тоа е нејзин четврти странски клуб по српскиот Бор, германскиот Волфенбител и шведскиот Содертаље.

„Возбудена сум и мотивирана што ќе играм во турската лига која ја сметаат за една од подобрите во Европа и сметам дека сум подготвена за тој предизвик во кариерата.

Очекувањата се исти како и за секоја сезона, пред се да останам здрава и без повреди, да го дадам мојот максимум во секој момент на тренинзите и натпреварите, со цел да и помогнам на мојата екипа. Резултатите ќе дојдат сами по себе“, изјави Трајчевска за basketball.mk.

Трајчевска има 25 години, ги помина сите репрезентативни категории на Македонија, а во моментов е еден од носителите на играта на сениорската селекција. Нејзиниот нов клуб минатата сезона ја завршил на 12-тата позиција во турското првенство и за „влакно“ избегнал испаѓање.