Заостанатиот меч од 8-то коло во македонското првенство, заврши со победа на фаворитот од Тафталиџе. Новајлијата во Првата лига славеше со 76:65, по што на табелата има скор 9/4 и се наоѓа на третата позиција во нашата елита.
По паузата, амбициозниот прволигаш стигна до позитива од +16 поени, што реално беше недостижно за гостите. Митревски беше најдобар стрелец кај домаќинот со 16 поени, а кај МЗТ Скопје 2 се истакнаа Тодоровски и Зекири со по 13 поени.
