ПОЧЕТНА Интернационалци Нема крај на признанијата за Емил Рајковиќ

Нема крај на признанијата за Емил Рајковиќ

сподели

Македонскиот стручњак и по завршувањето на регионалното натпреварување добива почести за својата работа во првата година како тренер на Астана.

Неколку дена откако ЦСКА ја одбрани титулата во ВТБ лигата, Емил Рајковиќ е прогласен за еден од десетте херои на сезоната. Можеби и се очекуваше такво нешто по признанието за тренер на годината во ВТБ кое му припадна на нашиот тренер.

„Рајковиќ доби многу пофалби оваа сезона. Македонецот постави клупски рекорд по бројот на победи во регуларниот дел од сезоната. Точно е дека Астана потфрли во плеј-офот, но клубот веќе го продолжи договорот со тренерот на сезоната за уште една година.

Емил Рајковиќ ја постави летвичката високо. Сега сите во Нур-Султан се подготвуваат за уште подобра идна сезона“, пишува во текстот посветен на десетте херои со објаснување дека тренерот на Астана е херој затоа што го водел казахстанскиот клуб до историска сезона.

Покрај него во оваа група се уште: Дорел Рајт од Локомотив Кубањ, Зоран Лукиќ од Нижњи Новгород, Морис Ндур и Ерик МекКалум од Уникс, Арнет Мултрие и Тони Ротен од Калев (тандемот на естонскиот тим го бројат како еден „херој“), Џејлен Рејнолдс и тренерот Жоан Плаза од Зенит, Алексеј Швед од Химки и Никита Курбанов од ЦСКА.