Александар Ашаданов ја доби довербата од КФСМ да ја води женската „А“ селекција во претстојните квалификации за ЕП 2023. Мечевите почнуваат во ноември.
„Невкусно е да се прогнозира пред време што и како во квалификациите, добро ни е познато со какви противниците ќе се сретнеме. За мене најважно е сите девојки да бидат здрави и да се собереме во најдобар состав.

Фотографијата е сопственост на basketball.mk и не смее да се користи без дозвола на медиумот.
Значењето на секоја од нив е исклучително важно, што се покажа во првиот прозорец минатите квалификации. Но, алиби нема да се бара, без разлика на ситуацијата и противниците. Нашата примарна цел, ќе биде победа на натпреварите.“
Дуелот од првото квалификациско коло го играме на гости кај Германија во Хале на 11-ти ноември, а вториот дома против Босна и Херцеговина на 14-ти ноември.
