Низата лоши вести на кои бевме сведоци изминативе месеци продолжува и со информацијата што ни доаѓа од Црна Гора за смртта на нашиот поранешен тренер, Миодраг Балетиќ (72 години), кој почина во Никшиќ.
Црногорскиот стратег седеше на клупата на МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 1994/95, кога игравме во Европскиот куп против Атлетас Каунас, од кого бевме несреќно елиминирани, како и во финалето од Купот на Македонија, каде што по голема борба загубивме од Кочани Деликатес, по претходниот триумф над Работнички во „Градски парк“.
Балетиќ е четвртиот тренер кого го загубивме од почетокот на минатата година, по Благоја Георгиевски-Буштур, Анте Дуковски и Марјан Лазовски, а неодамна меѓу великаните замина и поранешниот потпретседател на клубот, Стојан Ристовски.
Сочувство до неговото семејство и пријатели. Слава му!
- Преземено од КК МЗТ Скопје Аеродром
e here