Крстајиќ е лидерот на Академија ФМП сезонава, тоа го докажа и против Вардар, во победата 78:63. Српскиот интернационалец постигна 28 поени, имаше 6 скока и 2 асистенции. Неговата валоризација беше 26, највисока во двата ростера на овој натпревар.
Аеродинамичниот ќелавко (во „вкусна“ конотација кажано) го следеше само Херис, со 12 поени. Другите стрелци кај домаќинот беа едноцифрени, а кај гостите се издвоија двоцифрените Провел со 15 поени, Радош со 13 поени и Ташовски со 10 поени.
