МАКЕДОНИЈА

НБА крв тече низ неговите вени, ќе успее ли тоа да го покаже во Македонија?

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Новото име во составот на македонскиот прволигаш од Тафталиџе, е Брендан Бејли кој по втората година на колеџот Маркет, се пријави на НБА драфтот. Во потрагата по минутажа, патот го доведе во нашата земја.

Американскиот интернационалец, зборуваше за basketball.mk:

„Сите се прекрасни кон мене, уште од аеродромот. Сите луѓе се смеат и се пријателски расположени. Тоа ми овозможи полесна транзицијата од животот дома, на овој во Македонија. Се чувствувам како отсекогаш да сум бил тука.“

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Брендан е син на поранешниот НБА играч, Трл Беили кој настапуваше за Јута Џез. Колку се зборува за македонската кошарка, во западниот свет?

„Не знаев ништо за македонската кошарка. На патот од аеродромот бев кратко брифиран од тренерот Боро, дека Македонија има(ла) НБА играч(и), дека во оваа земја доаѓаат добри кошаркари кои знаат да играат кошарка.“

Обично странците доаѓаат за една сезона, остануваат кратко и потоа заминуваат понатаму. Какви се неговите планови?

„Јас сум тука до крајот на оваа сезона, а договорот ме врзува и следната година. Тоа што јас го сакам, е да играм кошарка. Го напуштив колеџот Маркет порано и возбуден сум дека ми се пружа ваква прилика.“

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Бејли (23, 203) имаше колеџ просек од 7.1 поен со 5.2 скока и скоро 40% реализација за три поени, за 25 минути по натпревар. Какви му се амбициите во Македонија?

„Сакаме да победуваме на што е можно повеќе натпревари оваа сезона и колку што ќе се може следната. Тука има квалитетна кошарка, многу играчи кои знаат да играат, вешти и способни поединци, добри шутери, генерално сите имаат добра фундаментална кошарка.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top