ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нашите судии ќе дуваат и во друго свирче?

Нашите судии ќе дуваат и во друго свирче?

сподели

Македонските арбитри добиваат засилена контрола во сезоната што следува. Највпечатливи се санкциите за прекршување на два момента од кодексот на однесување на делителите на правдата:

  • судење во алкохолизирана состојба
  • јадење на сметка на клубовите
Пропозиции за натпреварување, КФСМ

За првиот прекршок, треба уште да се одреди како ќе се одредува евентуалното пијанство на судијата, кој ќе му даде „да дува“ за да се докаже евентуалната алкохолизирана состојба.

За вториот прекршок, првиот пат следува казна 10 меча во темпо на делегирање, а потоа бришење од листата на судии.