МАКЕДОНИЈА

КРСТЕВСКИ: Нашиот тим се уште се формира

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Екипата на МЗТ во Аеродром беше поразена од далеку поискусниот и поуигран тим на Вардар, со 51:77 на отворањето на сезоната во М-16 конкуренцијата.

„Немаме големи очекувања оваа сезона, но работиме напорно и очекуваме подобрување на формата. Ова е екипа што првпат настапи заедно, за дел од играчите ова беше прв меч во кариерите. Лошо отворивме во првиот период, поради неискуството, но во следните три четвртини игравме егал.“ – ни изјави тренерот на аеродромци, Горан Крстевски.

Резултатот по периоди беше 4:26, 10:14, 17:14 и 20:23. Евидентна е добрата реакција на екипата, во второто полувреме.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top