МАКЕДОНИЈА

АШАДАНОВ: Најпозитивно од сe, е што ни се врати кошарката!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Тренерот на Вардар М-16 е задоволен од играта на неговата екипа и од победата против МЗТ Скопје Во Аеродром, со 55:71, но друга сатисфакција е поголема, по ова прво коло од новата младинска сезона:

„Добро е што младинците се повторно на кошаркарските терени. Беше навистина тешко речиси една година, да се задржат децата во сала, да тренираат напорно и да веруваат. Среќен сум што успеав да изнајдам начин и мотивација, да продолжиме да работиме и покрај тоа што не се натпреварувавме.

Победата над МЗТ ќе ја ставам во сенка, се чуствувам исполнето кога ќе ги видам овие талентирани момчиња како повторно го прават она што најмногу го сакаат. Младинската кошарка на сите ни недостасуваше, а сега кога веќе почнавме се надевам ќе бидеме доволно одговорни за сето ова да продолжи.“ – ни изјави Александар Ашаданов.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top