ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најавено, исполнето: иднината останува во клубот, трета сезона по ред

Најавено, исполнето: иднината останува во клубот, трета сезона по ред

сподели
Андреј Маслинко, во позадина (КК МЗТ Скопје Аеродром / Драган Митрески).

Актуелниот македонски шампион продолжува со трендот да ги задржува македонските играчи во своите редови, иако сезонава клубовите се соочуваа(т) со пречка во договарањето, поради лимитот на странски играчи на терен што беше поставен.

По корекцијата на правилото и договорот меѓу екипите и играчите, сега полека се формираат ростерите за претстојната натпреварувачка година. На пазарот, најактивни се МЗТ Скопје, Гостивар и АВ Охрид.

КК МЗТ Скопје Аеродром / Драган Митрески

„Македонскиот репрезентативец и еден од најперспективните кошаркари во нашата држава, Андреј Маслинко (22 год, 208 см) и трета сезона по ред ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со нашиот тим.

Неговото задржување е нова потврда на нашите заложни за давање шанса на талентираните домашни играчи, кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка во целост. Стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов од крилниот центар очекуваат да се наметне како една од (нај)важните алки во играта на нашиот тим и во целост да го покаже сиот свој раскошен талент.

Маслинко кариерата ја почна во Партизан Водно санс, од каде што уште на 16-годишна возраст се пресели во Италија каде што две сезони мина во дресот на Стела Азура, а една во екипата на Пафони Омења. Потоа следуваше враќање во Македонија и по едногодишен престој во Работнички преселба во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе остане уште најмалку една сезона.

Талентираниот кошаркар минатата сезона настапи на 16 средби во домашното првенство со просек од 10,2 поени и 4,9 скока, со напомена дека пропушти поголем дел од вториот дел од сезоната поради повреда.“ – се вели на официјалниот сајт на КК МЗТ Скопје Аеродром.