Тројцата мускетари на екипата од Ареродом ја донесоа победата во првата рунда од втората АБА регионална лига, против Младост од Земун со 97:90 во балонот на Златибор.
Робев имаше 30 поени од кои 6 тројки, а неговиот индекс во неговото АБА деби беше неверојатни 32. Милошевиќ постигна 20 поени со 9 скока, а Рикиќ имаше 10 поени со 9 прифатени топки.
Аеродромци имаа вкупно 41 скок, додека екипата од Земун имаше 27. Следната средба за штрковите е на 14-ти, против екипата на Рогашка.
Пелистер игра на 13-ти, против Цетиње и на 15-ти против Сутјеска.
