ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје повторно пресилен за Крајова

МЗТ Скопје повторно пресилен за Крајова

сподели
фото: МЗТ Скопје

Македонскиот шампион и вторпат беше подобар од романскиот спаринг-партнер кој е на мини-турнеја на Балканот.

Втората пресметка што се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ заврши со победа на нашиот тим од 81:69. Крајова се држеше три четвртини, но серијата од 9:0 во последниот период се покажа клучна за победата на МЗТ Скопје.

Џабари Хиндс со 24 поени, но и пет загубени топки, беше најзасбележителен во составот на аеродромци за кои повторно не играше хрватското засилување Марин Морнар. Двоцифрен број поени постигнаа уште Симоновски (17), Стојановски (12) и Крстевски (11).

Ова беше шеста победа за МЗТ Скопје на седмиот пријателски натпревар во текот на подготовките. Крајова од Скопје патува за Софија каде ќе одигра два дуела со вицешампионот на Бугарија, Левски Лукоил.