МАКЕДОНИЈА

МЗТ Скопје по 8-ми пат е шампион на Македонија

фото: МЗТ Скопје Аеродром (Facebook)

Аеродромци победија и во третиот натпревар од финалната серија против Еуро Никел, со 89:78 и со чисти 3:0 стигнаа до осмиот трофеј во нашето национално првенство. Сезонава, немаше екипа што можеше да му парира на тимот на металците, како играчки, така и организациски.

МЗТ Скопје ја донесе во Аеродром двојната круна, првпат по 2016-та година, а на титулите во првенството претходно им се радуваше од 2012-та до 2017-та, односно во 2019-та.

Андреј Магдевски постигна 21 поен, беше најдобар стрелец на последниот меч и воедно беше избран за МВП на финалната серија. Бојан Крстевски погодуваше кога беше најпотребно и мечот го заврши со 16 поени, а кај поразените исто толку имаше Никола Караколев.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top