МАКЕДОНИЈА

МЗТ Скопје казнет поради загрзување на здравјето

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Актуелниот шампион и тимот што води со 2:0 во финалето против Еуро Никел, непосредно пред третиот и можеби последен меч во серијата за пехарот, ја доби казната од канцеларијата на нашата кошаркарска федерација.

Аеродромци ќе платат 30.000 + 12.000 денари поради „загрозување на јавното здравје и здравјето на учесниците во натпреварот“, односно поради „слаба организација и слаба редарска служба“.

Металците победија со 81:83 на тој прв натпревар, на вториот славеа со 91:95 и веќе во третиот на 6-ти јуни може да ја освојат осмата титула во македонското првенство, сите од 2012-та со пауза во 2018-та кога загубија од Работнички.

Истовремено на клубот му е потенцирано дека за третиот меч, во салата може да има најмногу по 30 лица од двата клуба, во кои се сметаат и играчите и стручниот штаб, како што е прецизирано во протоколот на КФМ. Во спротивно, натпреварот нема да почне.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top