Македонскиот шампион загуби со десеткуван состав, од тимот на Спарс кој се пласира во АБА 2 плеј-офот, со 76:68. Претставникот на БиХ има скор 8 победи и 3 порази на втората позиција на табелата, додека аеродромци се на чевртата со скор 6 победи и 5 порази.
Штрковите го загубија мечот во рекетот (44:34) и во финалните 5 минути, кога подолго време не можеа да го погодат кошот на противникот. Дамјан Стојановски имаше 20 поени и капитенски ги предводеше металците, Камењаш имаше 18 поени кај победникот.
