Македонскиот репрезентативен центар го даде најдоброто од себе кога беше најпотребно и македонскиот шампион се пласира на фајнал-еит турнирот во АБА 2 лигата, со победата против Горица со 77:73. Центарот на штрковите постигна 14 поени, Мекиќ имаше 16, Тарнер 13, а Стојановски 10 поени.
Тивок како и обично, но ладен како мраз во решевачките моменти, Бојан Крстевски ги постигна клучните поени за победата. Му помогна и Мекиќ, но не смее да се отпише никој од храбрата екипа од Аеродром. Бојиќ и Николов имаа по 9, Карачиќ 6, а само Бакоч не успеа да се запише во листата на стрелците.
На крајот на мечот и тренерот Радуловиќ ги пофали сите играчи, кои со кратка ротација издржаа и се пласираа на завршниот турнир, кој води во премиерната АБА конкуренција. Во првата рунда ќе се формираат двојките 1-8, 2-7, 3-6 и 4-5, во зависност од позициите на табелата по завршувањето на 13-то коло.
