РЕГИОН

МЗТ ќе брка пласман во Подгорица, Работнички може да извиси?

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

Македонскиот шампион ќе игра плеј-оф во АБА 2 лигата, во фајнал-еит (Ф8) балонот во црногорската престолнина во периодот 19-26 април, за влез во АБА елитата. Прв противник на металците, ќе им биде Младост од Земун, од кого загубија во регуларниот дел.

Плеј-аутот нема да се игра поради пандемијата корона, а Јадранската лига информира дека сите екипи што играле во актуелната, имаат право да играат и следната сезона, ако обезбедат учество преку домашното првенство или со специјална покана.

Екипата на Работнички која требаше да го почне опстанокот со Хелиос, се наоѓа на претпоследната позиција во македонското првенство и теоретски, можно е да не обезбеди учество во АБА 2 лигата, следната сезона.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top