ПОЧЕТНА ЕВРОПА МВП на колото три пати оди во МЗТ, а во топ-10 на...

МВП на колото три пати оди во МЗТ, а во топ-10 на сезоната нема ниеден негов играч

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

По три одиграни кола во АБА 2 лигата, македонскиот првак се наоѓа на челната позиција со максимален ефект и подобра кош-разлика од Борац со кого се среќава на 23 октомври во Скопје.

Успехот е уште поголем ако се знае дека признанијата за најкорисен играч во секој од досегашните три круга завршија во Аеродром. Првото му припадна на Нуни Омот, второто на Џабари Хиндс, а третото на Дамјан Стојановски.

Но, во кумулативната статистика во оваа категорија, ниеден од нив не се наоѓа меѓу најдобрите десет кошаркари во лигата. Прв е Блаж Махковиќ од Хелиос Санс, втор Филип Краљевиќ од Широки, двајцата му беа жестоки ривали на Дамјан за МВП наградата во последното коло.

Стојановски и Хиндс се наоѓаат на 13-тата позиција со идентичен индекс – 54, а пред нив има двајца поранешни кошаркари на МЗТ Скопје: Ѓорѓе Мајсторовиќ кој е седми и Никола Павличевиќ 12-ти, како и десеттопласираниот Александар Тодоровиќ кој пред две години беше член на Гостивар. Нуни Омот е 17-ти со 51, а Бојан Крстевски е 23-ти со 46.