МАКЕДОНИЈА

Младите ќе ја добијат шансата во МЗТ?

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром (Facebook)

Првиот човек на актуелниот македонски шампион, Тони Грнчаров на клупската Интернет страница најави сериозно подмладување на екипата, следната сезона:

„Нема што да се каже друго освен дека е време нашите таленти да блеснат на голема сцена. Време е најдобрите од нашиот младински состав да добијат шанса во првиот тим, да го покажат и докажат својот квалитет во битките за највисок дострел. Планираме повлекување на неколкумина од вториот тим, за кои сметаме дека се доволно зрели и дека имаат доволен потенцијал за да дадат свој придонес во новиот обид да се освојат двете домашни круни. Со тоа само ќе ја потврдиме исправноста на нашата досегашна стратегија, за давање шанса на младите во Првата лига, со што бенефит нема само МЗТ Скопје, туку и македонска кошарка во целост.

Секако дека сме пресреќни за успехот остварен сезонава, но со нетрпение ја чекаме следната за да видиме како нашите деца ќе станат мажи настапувајќи на највисока сцена, во дресот на најдобриот македонски клуб во последната деценија. Секако, можевме подобро во АБА2-лигата, но еднокружниот систем, напорот што доаѓаше со играњето турнирски, корона кризата, но и очигледното форсирање други екипи, беа причините за полошиот резултат, кој не нѐ разочарува, туку ни дава мотив за уште понапорна работа за да дојдеме до посакуваната цел и на регионална сцена.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top