МЗТ 2 ја запиша и втората победа, во последните три кола во нашата Прва лига. Во Аеродром беше совладан Вардар со 89:86, по негативата од -11 на полувремето (39:50).
Роб Монтгомери постигна 30 поени, имаше и 11 скока за победникот, а во редовите на поразената екипа најдобар беше Дикембе Диксон, кој постигна 23 поени.
