МАКЕДОНИЈА

Митрашиновиќ го кутна Бадел, Баскет Кам со една рака ја држи титулата

фото: Архива

Екипата од Каменица го извојува брејкот што го посакуваше, во обидот да стигне до првата титула во македонскиот шампионат кај дамите, врзувајќи две победи во финалната серија по поразот во првиот натпревар.

За скорот 2:1, најзаслужна беше Анџелика Митрашиновиќ која постигна 15 поени, со 11 асистенции и со 9 скока, што значи и недостасуваше само еден скок за трипл-дабл учинок во финален натпревар.

Во финалната серија што се игра до три победи, кошаркарките на Баскет Кам ќе имаат прва меч топка на домашен терен, на 29-ти мај во Македонска Каменица, кога со победа може да бидат крунисани во нов првак.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top