ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА (ФОТО) Миротиќ твитна – ЉУЉ, мадридисти веднаш го нападнаа!!!

(ФОТО) Миротиќ твитна – ЉУЉ, мадридисти веднаш го нападнаа!!!

сподели

Новиот кошаркар на Барселона одлучи летово да не игра на Светското првенство во Кина, но додека траат подготовките на неговиот клуб, тој внимателно ги следи натпреварите на шпанската репрезентација.

Полуфиналето против Австралија не смееше да се пропушти, а срцето не издржа да не напише нешто на социјалните мрежи. Твитот беше краток – Љуљ, илустриран со три баскети, но Никола Миротиќ изгледа не размисли дека со тоа ќе ги испровоцира и навивачите на Реал и оние на Барса.

„Замолчи, стаорецу“, беа најчестите навреди од фановите на Реал со емотикони од глувци.

Сепак, чудна е одлуката на Црногорецот со шпански пасош да го посочи Љуљ иако плејмејкерот на „фуријата“ ја постигна можеби клучната тројка во второто продолжение. Победата ја донесе колективот, но најголема заслуга имаа двајца поранешни кошаркари на Барселона, чиј член е Миротиќ од ова лето – Марк Гасол и Рики Рубио.