ПОЧЕТНА ЕВРОПА Миротиќ е новата ѕверка во Евролигата

Миротиќ е новата ѕверка во Евролигата

сподели
euroleague.net

Натпреварот во Истанбул е далеку од максимумот што може да го понуди поранешниот европски првак, засилен со петмина екс НБА играчи. Дилејни, Клавер, Томиќ и Ориола имаа свои моменти, но најголема заслуга има повратникот во европската кошарка Никола Миротиќ.

Црногорецот со шпански пасош најави кандидатура за МВП признанието во елитното натпреварување, веднаш по враќањето по 5 години во НБА. За неполни 26 минути имаше 24 поени, со 4/8 тројки, 4 скока и индекс 22. Три од четирите тројки постигна во последната четвртина кога Барса го скрши отпорот на Ефес.