Тренерот на тимот од Градски парк, во изјава по завршувањето на натпреварот со Сутјеска и победата од +22 (84:62), го истакна односот на неговите кошаркари, кон дуелот:
„Мечот не беше воопшто лесен, иако победата е убедлива. Знаеме колку се изедначени сите екипи, нема лесен натпревар на турнирот во Сараево.
Односот е нешто што беше променето, беше за чиста 10-ка. Проблемот во поразот од МЗТ беше во пристапот, а денеска игравме многу поразлично.
Кошаркарите ги прифатија добро критиките, имаше залагање од сите, дадоа одговор како што треба. Имавме агресивност, игравме добра одбрана.
Сепак, не смееме да се задоволиме со ова, направивме добар тим и мора да продолжиме, да се обидеме да победиме и на следниот натпревар.“
