РЕГИОН

МИРАКОВСКИ: Ова е срамно!

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

Изгледаше дека тренерот на центарци, не може да се соземе во интервјуто, по завршувањето на натпреварот и поразот од Широки, со 106:77, во 10-то коло од АБА 2 лигата.

„Да примиш 71 поен во едно полувреме е фрапирачки факт. Честитки за противникот, кој имаше повеќе енергија и незнам дали вакво нешто во кошарката досега се има случено, да примиш 71 поен во едно полувреме.

Знам дека е тешко да се игра на два дена, знам дека е силен интензитетот, дека има замор и дека се очекувани некакви падови во играта, некој нема играно цела година, но во никоја ситуација не смее да се дозволи да се примат 71 поен за едно полувреме.

Во сите елементи во второто полувреме потфрливме, а кога се нема енергија, кога се стои, кога не се трча, може да примиш и повеќе од 70 поени. Ова е срамно, ќе анализираме и ќе седнеме да разговараме со некои играчи од нашиот ростер.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top