Тренерот на екипата од Дебар Маало само го потврди очигледното, по поразот од Борац со 77:82, во првиот натпревар од балон-турнирот на Златибор.
„Пресуди кратката ротација. Знаеме со колку играчи располагаме, само седуммина имаме во составот, но прерано се предадовме. Се држевме 17 минути, за потоа во 3 мнути да дозволиме огромна негатива (-22).
Имавме 12 загубени топки во првото полувреме, тука се направи разликата. Во второто останавме на тие загубени топки, а кога видовме дека ако дадеме енергија имаме шанса, бевме блиску до поволен резултат.
Ќе се обидеме во следните натпревари, да го поправиме впечатокот, таква е ситуацијата годинава.“
