ПОЧЕТНА ЕВРОПА Мициќ рушеше рекорди во промашувања

Мициќ рушеше рекорди во промашувања

сподели
euroleague.net

Српскиот репрезентативец упати 14 шута за тројка, погоди 4. Полош од него во неговата екипа беше само Џејмс Андерсон, затоа што не погоди ниту една тројка, а форсираше – 0/6. Единствено Алек Петерс беше на висина на задачата во овој сегмент, погодувајќи 4/5 во ударите за три поени.

Турските играчи имаа катастрофална шутерска вечер – десетмина се обидуваа, само четворица погодија, а само двајца повеќе од една тројка. Вкупниот учинок во поразот од Барселона (64:74), во шутот за три поени им беше 14/39, што ја илустрира дезориентираноста на Анадолу.