Најтешко се игра против екипи во кои не знаеш кој од каде напаѓа, а сите погодуваат. Македонскиот шампион имаше петмина двоцифрени, меѓу вкупно 10 стрелци во победата против црногорскиот Ловќен, со преубедливи 55:96.
Дамјан Стојановски постигна 15 поени, Крстевски и Гравет имаа по 13 поени, Карачиќ постигна 12 поени, Бојиќ имаше 11, Николов 9, Магдевски 8 поени, Тарнер и Олуџоби по 6, Мекиќ резлизира 3 поени. Без кош, остана само Бакоч.
