Играчот кој се врати во Аеродром да биде дел од големи резултати на клубот од неговото детство, добро ја турка сезоната. Беше еден од креаторите на победата, која го води МЗТ Скопје на Ф8 турнирот, кој е последната станица пред елитната АБА дивизија.
„Одигравме многу борбено и пожртвувано, извојувавме многу важна победа за нас, бидејќи обезбедивме пласман во плеј-офот на АБА 2.
Бевме принудени да играме со скратена ротација и тоа ни донесе многу потешкотии, но сепак успеавме да победиме.
Имаме уште еден натпревар, против домаќинот Златибор и потоа не чека згуснат распоред во нашето првенство.“
