ПОЧЕТНА Во позадина Мега го победи Тексас Тек

Мега го победи Тексас Тек

сподели
euroleague.net

Дуелот меѓу српската екипа и вицепрвакот на НЦАА лигата заврши со 76:73, што беше своевиден реванш за поразот во претходниот меч (94:92).

Оваа вест сама по себе не е некаква сензација, но ако ја свртиме паричката, од другата страна ќе пишува дека ова се два табора кои што се симбол на расадници за кошаркари во Америка (НЦАА лигата) и во Србија (особено МЕГА, но и другите помали екипи), што му дава на овој триумф и тоа колку големо значење.

Некогаш беше мисловна именкаедна европска екипа да победи една (професионална, а НЦАА екипите работат на тој принцип) американска. Победите на екипите од Стариот континент против соперниците од САД, се бројат на прсти.

Се посилни се најавите дека кошарката вон границите на НБА лигата рапидно расте, се очекува формирање на европска и други континентални НБА дивизии (во Африка веќе тргна комбиниран експеримент на ФИБА и НБА), а Србите најавуваат дека може да го пбедат американскиот состав на СП 2019.