ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Марцет и Каплановиќ го предводеа Еуроникел, до важен почетен триумф

Марцет и Каплановиќ го предводеа Еуроникел, до важен почетен триумф

сподели

Американецот и српскиот интернационалец, беа најдобрите двајца во составот на тимот од Кавадарци, кој победи на гостувањето кај Вардар (82:92) за добар старт на сезоната и за местење на цилиндрите на реконструираниот ростер. Марцет постигна 23 поени, а Каплановиќ 22 поена.

kfsm.mk

Каплановиќ имаше и 14 скока, што му даде највисок индекс на мечот, 28. Марцет имаше и 4 скока со 2 асистенции. Караколев имаше 15 поени, Петровски 7 асистенции, Бакоч 8 поени со 7 скока, Соколов 10 поени со 4 асистенции. Гостинската екипа имаше и 16 предност (51:67).