Според пласманот во националните шампионати и во согласност со пропозициите, женската АБА лига ги одреди клубовите кои ќе играат во рамките на регионалното натпреварување, следната натпреварувачка година.
Од последната сезона има 8 клуба, вкупно се 13 од 7 земји. По четири години пауза на Јадранот се враќа Бадел, а првпат ќе игра и нашиот актуелен шампион Баскет КАМ.
Имињата на учесниците, се:
Будуќност (Црна Гора)
Цеље (Словенија)
Триглав (Словенија)
Феникс (БиХ)
Орлови (БиХ)
Бановиќи (БиХ)
Војводина (Србија)
Партизан (Србија)
Берое (Бугарија)
Монтана (Бугарија)
Бадел (Македонија)
Баскет КАМ (Македонија)
Пожега (Хрватска)
Редовното годишно собрание на лигата и ждрепката се закажани за 25-ти јуни во Славонски Брод.
