Во некогашната југословенска република изби голем скандал – три од четирите екипи што требаше да учествуваат на завршниот турнир не се појавија, по што титулата му припадна на организаторот Широки, единствениот тим на паркетот.
Игокеа, Борац и Спарс барале да не се одигрува турнирот, туку првенството да заврши според распоредот на табелата. Новиот македонски селектор, кој е тренер на Игокеа и поранешен професионален кошаркар и фудбалер, изјави:
„Што може нормален човек да истакне при ваква ситуација. Не знам кој е погреота – Широки со титулата, комесарот на лигата или секретарот на федерацијата. Ова доволно кажува за бедната држава во која живееме, распадната во сите области. Моментално сум во Скопје и не ја почитувам Босна и Херцеговина, туку само Република Српска и Северна Македонија чиј сум селектор.“
