ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонската репрезентација пак ќе паузира една година!

Македонската репрезентација пак ќе паузира една година!

сподели
FIBA

Во период од две години, нашиот национален кошаркарски тим ќе остане на само два одиграни натпревара што е недозволиво, но и за што вината треба да се бара кај ФИБА.

Откако стартот на квалификациите за Еуробаскетот го одложи од ноември 2019 за февруари 2020, водечката кошаркарска организација истото планира да го направи и со вториот прозорец. Тој е планиран за ноември годинава, но ќе се одржи идниот февруари, во договор со УЛЕБ, за навреме да се завршат сите национални шампионати.

Во новиот термин Македонија има две гостувања, прво во Италија, а потоа во Естонија. На стартот од квалификациите, нашата репрезентација загуби од Естонија на домашен терен и од Русија во Перм.