Македонската селекција се комплетира и отпатува за рускиот град Перм, каде ќе игра против селекциите на Италија, Русија, вторпат со Италија и против Естонија, во рамките на квалификациите за Еуробаскет 2022.
На турнирот кој се игра во балон-систем поради ковид проблемите што го зафатија светот, слетуваме со два пораза во два меча. Две селекции од нашата група ќе обезбедат пласман на континенталниот собир.
Во Скопје загубивме од Естонците со 71:82, во Русија бевме совладани од домаќинот со 77:67. Имаме два бода, на последната позиција во групата „Б“, сите мечеви се компетитивни.
Италија е пласирана на ЕП, како еден од домаќините на завршницата. Од нашето друштво, на Аѕурите ќе им се приклучат двете најдобро пласирани селекции.
Македонија првпат заигра на ЕП во 1999-та година во Франција, од 2009-та до 1015-та бевме редовни, но го прескокнавме последниот континентален собир поради ужасните квалификации одиграни во Кавадарци.
