Пелистер загуби од бестрашната екипа на Еуро Никел, во рамките на 18-то коло со 116:122 по дополнителните три продолженија, откако мечот во регуларниот дел заврши 92:92.
Битолчани остануваат на врвот со убедливи 14 победи и со само три порази, но кавадарчани фаќаат приклучок кон врвот од третата позиција на прволигашката табела, со скор 10/6.
