ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс официјално се пожалија на судењето со Денвер

Лејкерс официјално се пожалија на судењето со Денвер

сподели
Lakers

Втората натрофејна франшиза (16) во НБА и најсериозен кандидат да го изедначи рекордот на Бостон (17), упати блага протестна нота до раководството на лигата, во поглед на третманот што на теренот го има Леброн Џејмс.

Според ЛА Лејкерс, нивната прва ѕвезда не добива доволно слободни фрлања затоа што над него не се досудени очигледни фаули, во натпреварите од финалето во Западната конференција, против екипата на Денвер Нагетс.

Кралот шутираше само две слободни во третиот меч по кој скорот беше намален на 2:1 за неговиот тим, од неспортската (удар со лакт) на Џамал Мари. Претходно, Леброн Џејмс шутираше вкупно 8 слободни фрлања.