ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс чекор поблиску до титулата

Лејкерс чекор поблиску до титулата

сподели
@Lakers

Ентони Дејвис имаше 34 поени, Леброн Џејмс реализира 25 поени со 13 скока и 9 асистенции, во победата на составот од ЛА против Мајами, со 116:98.

Џими Батлер со повреден лев скочен зглоб постигна 23 поени за поразените, Нан имаше 18 поени, Хиро реализира 14, а Краудер постигна 12 поени.

Лејкерс имаа 54:36 во скокови, водеа со 32 позитива во текот на мечот кој беше енонасочна улица, постиогнаа 15 тројки, а сезонава имаат 21:3 во победи кога постигнуваат најмалку 14 тројки.

Словенечкиот интернационалец Горан Драгиќ го повреди левото стапало и најверјатно ќе отсуствува од редовите на Хит, до крајот на финалето.

Центарот на екипата од Флорида, Бам Адебајо го повреди левото рамо, но за него се уште нема најави за сериозноста на повредата во финалната премиера.

Куриозитетно е што Лебон има 1/8, во победи на отворањето на финалните серии, додека Мајами имаат 1/5, но ги освоија сите титули (3) по воведен пораз.