Интернационалците во составот на ТФТ, се полн погодок и немаа милост и разбирање за традицијата и реномето на Работнички, во триумфот со 73:77 во 18-то коло од Првата лига.
Андерсон и Смит постигнаа по 17 поени, Херис и Хортон имаа по 13, а од домашните играчи Сапунџиев имаше 7, Митревски постигна 6, Наумоски 3 поени, а Нури имаше 1 поен.
