Екипата на Вардар победи против МЗТ Скопје во Аеродром со 51:77, во првата рунда од новиот шампионат во М-16 конкуренцијата. Филип Лаковски постигна 19 поени.
„Сите имавме долга првенствена пауза и искрено се радувам што конечно влеговме во натпреварувачки ритам. Задоволен сум од оваа победа, од играта на Вардар и од мојот настап. Како ќе одминува времето, очекуваме да бидеме уште поуиграни како тим, и да се наметнеме како екипа, за титулата. Ова беше мој прв натпревар за Вардар, се надевам на уште поквалитетен настап на целиот тим и на нови победи на секој нареден натпревар.“
