ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово најупорно за Младеновиќ, но има и други заинтересирани

Куманово најупорно за Младеновиќ, но има и други заинтересирани

сподели

Неуспехот во преговорите со Гостивар го остави се уште слободен 32-годишниот плејмејкер кој и натаму е во потрага по нов клуб.

Basketball.mk неофицијално дознава дека Куманово е најблиску до неговиот потпис и тој наскоро би можел да стане нов играч на поранешниот вицешампион и финалист на Купот на Македонија. Преговорите се во тек.

Но, кумановци не се единствени заинтересирани за Марјан Младеновиќ. Наводно, тој има контакти со уште неколку прволигаши, најупорниот ќе го добие во своите редови.

Досега четворица кошаркари од поранешниот тим на АВ Охрид најдоа нови клубови: Адем Мекиќ, Војче Лефкоски, Данило Мијатовиќ и Шакир Смит.