ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово има нов тренер!

Куманово има нов тренер!

сподели

По Пелистер и Академија ФМП, поранешниот вицешампион е трет тим во домашното првенство кој новата сезона ќе ја почне со нов предводник.

Раководството на Куманово се договори со Владимир Мирковски кој доаѓа на местото на Александар Петровиќ, тренерот кој го замени него на клупата на Академија ФМП. За 35-годишниот стручњак тоа ќе биде трет клуб во домашното првенство, откако пред неколку сезони го водеше и гевгелиски Бест.

Владимир Мирковски додека го водеше тимот на Бест

Тој е поранешен помошник во првиот тим на МЗТ Скопје, во времето кога седумкратниот македонски првак беше предводен од Алеш Пипан. Веќе 18 години работи како тренер, почна во Водњански лисици, па Вардар, МЗТ Скопје по што дојдоа самостојните ангажмани. Интересно е тоа што кога му беше асистент на Пипан во 2015 година, клубот од Аеродром ја освои титулата по триумфот во финалето токму против Куманово со 3-0.

Најдолго, четири години, беше во Кина каде извршуваше неколку функции, а се врати пред корона кризата која изби во оваа земја. Последната функција му беше извршен директор и главен тренер во екипите до 12 и 14 години во Интернационалната кошаркарска академија (ИБА) во Фошан.