По остварените цели сезонава, кумановци решија да ги продолжат договорите со тренерот Игор Ѓорѓиевски и со играчот Стеван Глигоријевиќ (24) кој дојде од Работнички.
Куманово е една од ретките екипи која уште веднаш по завршувањето на сезоната, почна да крои тим за следната натпреварувачка кампања, што е потег за поздравување.
