Македонскиот претставник во регионалната БИБЛ лига, загуби од Хапоел Холон со 74:83. Иако поведе во финишот на натпреварот, сепак домашната екипа не го издржа притисокот на посиксуниот и поквалитетен противник.
По две кола во групата „Г“, Куманово е на третата позиција со два пораза, од израелскиот тим и од бугарскиот Академик. Бугарите се на врвот по еден одигран меч, пред Израелците со идентичен скор. Првите две екпии, одат во 1/2 финалето.
