ПОЧЕТНА СВЕТ КУКОЧ: Џордан би бил најдобар во секоја ера!

КУКОЧ: Џордан би бил најдобар во секоја ера!

сподели
TVP-sport

Хрватскиот ас прво беше жртва на ЛОИ 1992-та во Барселона, а потоа и сограч на најмаркантниот играч на сите времиња.

За легендарниот Ер Мајкл и за други теми, тој за грчкиот медиум Sport 24, изјави:

„Разговарав со Џордан и му кажав дека сум среќен затоа што заврши „Послендиот танц“. Знаете зошто? Затоа што последните три недели добив повеќе телефонски повици, отколку во претходните 20 години.

Дражен Петровиќ ме советуваше да не одам веднаш во Чикаго Булс, кога ме драфтуваа во 1990-та и тоа беше добра одлука.

Мајкл Џордан ја направи кошарката глобален спорт. Тешко е да се споредува со Меџик, Бирд или Леброн. Тешко е да се одбере најдобриот на сите времиња, но јас лично мислам дека тој би библ најдобар во сите ери.“ – заклучи Тони Кукоч.