ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кратко траеше љубовта: Младеновиќ си замина од Гостивар!

Кратко траеше љубовта: Младеновиќ си замина од Гостивар!

сподели

Неполна недела и еден пријателски натпревар остана 32-годишниот велешанец во екипата на Гостивар.

Марјан Младеновиќ постигна усмен договор со клубот непосредно по распаѓањето на АВ Охрид, се чекаше само да стави потпис на договорот. Сепак, не дочека да одигра ниеден официјален меч, туку само хуманитарниот дуел со Кожув на кој остави одличен впечаток.

„Им се извинувам на управата на Гостивар и на навивачите, сите беа максимално коректни и жалам што вака излезе. Сепак, откако се смирија страстите и размислив со ладна глава, сфатив дека не сме еден за друг“, изјави Младеновиќ за basketball.mk.

Засега искусниот плејмејкер не знае каде ќе ја продолжи кариерата, добро за него е тоа што првенството е одложено на неодредено време, па има простор да ги разгледа понудите и да најде нова средина.