ПОЧЕТНА ЕВРОПА Крај на маките на Фенербахче

Крај на маките на Фенербахче

сподели

По три порази во низа, поранешниот европски шампион дојде до вториот триумф сезонава во Евролигата. Пред своите навивачи го совлада Баерн со 90:82 благодарение на подобрата игра во последната четвртина во која влезе со негатива од еден поен.

Петмина кошаркари на Фенербахче постигнаа двоцифрен број поени, најефикасен меѓу нив Дерик Вилијамс со 19. Веќе во следното коло Турците ги очекува дуел со актуелниот европски шампион ЦСКА во Москва.