ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув во еден ден се засили со Литванец и Србин

Кожув во еден ден се засили со Литванец и Србин

сподели
Томас Зданавичиус (број 22)

На неполн месец пред почетокот на новата сезона, поранешниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија донесе уште двајца нови кошаркари и тоа странци.

Томас Зданавичиус е поранешен литвански репрезентативец во младинските селекции и производ на школата на Лиетувос Ритас. Сепак, професионалната кариера не му оди според желбите, па во Кожув доаѓа од литванскиот второлигаш Мажеикиу Ерелаи.

Бил еден од подобрите во составот со просек од 12,7 поени, 7,2 скока и 1,3 асистенции на 38 одиграни натпревари. Има 23 години, а со 203 сантиметри игра на позициите 4 и 5.

Никола Павловиќ е иста генерација како Зданавичиус и со слични карактеристики како него. Доаѓа од тимот на Златибор, но се натпреварува и во 3х3, спорт кој е се попопуларен во светот.